Регулаторна ќе одлучи: Утре нови цени на горивата

Регулаторната комисија за енергетика уре треба да ги соопшти новите цени на горивата кои ќе важат од вторник по полноќ.

Две недели по ред имаме покачување на цените.

Минатата недела цените на бензините повторно се зголемија за 1,5 односно 1 денар.

ЕУРОСУПЕР БС-98 изнесува 61,50 ден/лит, дизелот ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V изнесува 51,00 ден/лит и Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) изнесува 40,00 ден/лит.

Малопродажната цена на мазутот М-1 НС зголеми за 0,273 ден/кг и изнесува 24,886 ден/кг.

Останува да видиме дали и утре ќе има ново покачување на цените.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

21.06.2020 - 14:34

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа