Регулаторна почна постапка за одземање лиценци на четири компании за трговија со мазут

Регулаторна комисија за енергетика и водни услуги почна постапка за одземање лиценци на трговците на големо РКМ ДООЕЛ Скопје, Супертрејд ДООЕЛ увоз-извоз Скопје, Пертинакс ДООЕЛ Скопје, Ли оил ДБ ДООЕЛ увоз-извоз Кавадарци поради непоседување на оперативни резерви на мазут, изјави директорот на РКЕ, Марко Бислимовски. Овие неусогласености кај сите четири трговци на големо ги констатирал Државниот пазарен инспекторат при вршење инспекциски надзор, за што се изречени прекршочни платни налози.

„Оперативните резерви треба да бидат на ниво утврдено согласно Правилникот за нивото и начинот на пресметка на оперативните резерви и неисполнувањето на обврската за почитување на Законите и другите прописи и општи акти кои се однесуваат на вршење на дејноста трговија на големо со сурова нафта, нафтени деривати биогорива и горива за транспорт – трговија на големо со мазут (М-1) е основа поради која РКЕ утврди дека постои причина за почнување постапка за одземање лиценци“, соопшти РКЕ.

Почнувањето на постапката е во согласност со Правилникот на РКЕ за лиценци, во кој се предвидуваат неколку фази: РКЕ ги известува компаниите за постоење причини за почнување постапка за одземање  лиценци, по што во рок од 7 дена трговците на големо ќе мора да се произнесат за посочените причини поради кои е настанатото прекршување на одредбите од член 146 од Законот за енергетика и одредбите од Правилникот за ниво и начинот на пресметка на оперативните резерви. Потоа РКЕ врз основа на добиените наводи во одговорот од трговците компании на големо на седница ќе донесе соодветни одлуки за идно постапување.

09.06.2021 - 16:00

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега