Реисот Сулејман Реџепи во џамија во Опае повика на ликвидација на кучињата и предавниците

Поглаварот на Исламската верска заедница реисот Сулејман Реџепи го полни своето досие за ширење на верски екстремизам, повик за насилство и говор на омраза. Последниот пример е неговиот говор по повод отворањето на нова џамија во кумановското село Опае кога тој повика на убиство на „кучињата“ меѓу нив, мислејќи на „кодошите“, не-муслиманите и оние кои имале различно мислење од неговот, пренесува МКД.мк.

„Треба да бидете сигурни дека меѓу нас имаме некои кучиња. Тие се најгнасните кучиња на Господ. Тие го уништуваат единството на нашиот народ. Тие што му штетат на исламот. Тие што му штетат на нашиот верски и национален идентитет.

Би ве замолил во оваа прилика, бидејќи е голем ден, да се потрудиме, да се обидеме да ги идентификуваме кои се кучињата, а кои се муслимани, добри луѓе... Имаме штетници кои шират зарази и болести, а во претходниот систем биле „решавани“ и чистени“, рече меѓу другото Реџепи.

На крајот од својот говор тој повикува на убиство, повикувајќи се на Шеријатот како закон кој мора да се следи.

Лани во ноември Основното јавно обвинителство Скопје ја отфрли пријавата против поглаварот на Исламската верска заедница (ИВЗ), Сулејман Реџепи, бидејќи „не постојат основи на сомневање дека пријавениот ги сторил кривичните дела – излагање на подбив на македонскиот народ и припадници на заедниците од чл.179 и предизвикување омраза, раздор или нетрпеливост врз национална, расна, верска или друга дискриминаторска основа“.

Реџепи, во говор во село Арнакија, скопско, по повод темелите за возобновување на џамија на 14 март 2019 година даде изјава која многумина поединци и граѓански организации ја оценија како говор на омраза:

„Џамиите да се попречуваат и да не се одоброува нивната изградба, оваа работа нема да ја дозволиме. Никогаш нема да молчиме. Се надеваме со господ напред дека ќе дојдат подобри времиња и секаде имаме народ и места… во село Лажец, битолско каде повеќе од 100 години немаат џамија. Замислете вие каков див народ е овој со кој сме во соживот. Овие се беспримерен див народ, затоа немаат идентитет и нема да имаат никогаш, без разлика што ние сакаме да им помогнеме. Не се помага, бездушниот не се освестува“, рече тогаш Реџепи.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

23.01.2020 - 09:22

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега