Реки вода по улиците во Зелениково: Поплавата ги остави без покуќнина

Во текот на вчерашниот ден силно невреме и обилно дождови ја зафатијМакедонија, а еден од најпогодените општини беше Зелениково, објави „Сител“

На социјалните мрежи се појавија видеа од реки вода кои течат по улиците, а денеска граѓаните со механизација ја расчистуваат калта која остана по поплавата. Поплавени беа улиците, домови и подруми.

 

Трагично ќе завршел обидот на 70 годишната Менда Маневска да го напушти својот дом откако синоќа Зелениково го зафати силно невреме.

-Река, цела река беше. Мене почна да ме носи, да се давам, паднав во водата, комшијата дојде ме зема во раце ме спаси, раскажува Маневска.

Соседите велат дека глетката била стравична. Куќата на 70 годишната жена била до половина полна со вода.

Целата сторија прочитајте ја ТУКА.

 

 

 

 

 

Добивајте вести на Viber

09.08.2020 - 18:57

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега