Рекорден број на новозаболени и во Хрватска: За првпат од почеток на епидемијата бројката е трицифрена

Во Хрватска денеска рекорден број на новозаболени од коронавирусот, од почетокот на епидемијата ова е првпат бројот на заразени за еден ден да биде троцифрен.

Регистрирани се 116 новозаразени во еден ден, а министерот за здравство најави состанок во владата за заострување на мерките за заштита од коронавирусот.

Берос им рече на новинарите дека владата разгледува бројни мерки за заштита од вирусот корона.

„Ке воведеме строги мерки за влез во Хрватска, ќе биде тоа или 14 дена самоизолација или пак пократка самоизолација носо задолжителен тест“ рекол Берош.

 

 

 

 

Добивајте вести на Viber

10.07.2020 - 15:06

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега