Рекорден број оздравени пациенти од коронавирус во еден ден досега во Македонија

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 2.176 тестирања, а регистрирани се 361 нов случај на Ковид-19, а починале 14 лица.

Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 88749, бројката на оздравени пациенти е 71592, на починати е 2696, а бројот на активни случаи изнесува 14461.

Денеска Институтот за јавно здравје регистрираше најголем број оздравени пациенти досега за 24 часа - 2.116 и тоа најмногу од Скопје-1489, Куманово-6, Тетово-139, Прилеп-19, Гостивар-58, Штип-8, Битола-80, Велес-45, Охрид-3, Струмица-55, Кавадарци-35, Струга-5, Кочани-15, Кичево-33, Гевгелија-23, Неготино-26, Свети Николе-10, Делчево-16, Дебар-9, Ресен-13, Радовиш-5, Берово-1, Виница-6, Пробиштип-4, Валандово-3, Демир Хисар-9, Крушево-1.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

16.01.2021 - 17:29

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега