Рекорден скок: 72 нови случаи на коронавирус, еден починат

За 24 часа регистрирани се 72 нови случаи на коронавирус во земјата. По градови: Скопје – 14, Куманово -21, Штип – 1, Прилеп – 9, Тетово-12, Струга- 1, Велес – 1, Битола – 2, Гостивар – 1, Радовиш – 1, Крушево – 2, Кочани – 7. Со ова, вкупната бројка на дијагностицирани пациенти со КОВИД-19 денеска изнесува 555 лица, информираше министерот за здравство, Венко Филипче на социјалната мрежа Фејсбук.

-Од Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби со два контролни негативни теста, денес заминуваат 3 пациенти. На клиниката неколку часа по приемот во болница, почина маж од Лабуништа (Струга) на 63 годишна возраст донесен на клиниката со тешка клиничка слика. Во моментов на Инфективната клиника се хоспитализирани 74 пациенти, 15 со тешка клиничка слика, 11 на механичка вентилација, другите пациенти се стабилни, напиша Филипче.

Според местото на живеење, досега случаи на КОВИД-19 се регистрирани во:

Скопје – 235

Куманово -114

Дебар – 49

Штип-19

Прилеп –33

Тетово – 29

Струга – 24

Велес – 10

Битола – 6

Охрид – 3

Кавадарци –2

Гостивар – 4

Гевглелија – 4

Струмица – 2

Крива Паланка- 2

Радовиш -3

Крушево – 2

Кочани – 14

 

За 24 часа регистрирани се 72 нови случаи на коронавирус во земјата. По градови: Скопје – 14, Куманово -21, Штип – 1,...

Posted by Венко Филипче on Sunday, 5 April 2020

05.04.2020 - 14:06

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега