Рекорден тираж на „Шарли едбо“

Последниот број на „Шарли ебдо“ со карикатурата на Мухамед на насловната страница, која повторно предизвика протести во повеќе муслимански земји во светот, ќе биде допечатен со што неговиот тираж ќе достигне рекордни седум милиони примероци, јави дописникот на МИА од Париз.

Одговорните на весникот денеска зборуваат „за историски“ настан.

Откако излезе од печат во средата, само една недела откако неговата редакција беше нападната од страна на терористи, „Шарли ебдо“ е се уште недостапен за голем број на Французи. Неговиот тираж иницијално предвиден на еден милион примероци, беше зголемен на три, потоа на пет, за да на крајот биде допечатен на седум милиони.

На интернет веќе е ставена од некои од читателите содржината на весникот, а некои не се двоумат да го продаваат историскиот број и за неколку стотици евра, но барем засега нема купувачи на црно.

 

 

Оцени ја веста

17.01.2015 - 13:52

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега