Ременски не прима новинари во кабинетот, а Заев најави санкции и партиско бркање
Потпретседателката на Собранието Фросина Ременски Ташевска била во кабинетот, но не прифатила средба со новинарите, пишува „Телма“.
Таа првин имала состанок, а потоа од нејзината канецларија излегле координаторот на пратеничката група на СДСМ Јован Митроски и пратеникот Диме Велковски.
Не сакале да коментираат ништо, а од кабинетот на Ременски известиле дека не може да ги прими новинарите, ниту на разговор ниту пакј ќе даде изјава.
Ременски е осомничена во проширената истрага за Рекетот откако обвинителството објави официјално дека гони и функционер за вмешаност во скнадлот со пари на Меѓународниот сојуз.
Ременски инаку имаше и фукција почесен претседател на Меѓуанродниот Сојуз кој го води првоосомничениот за рекетот Бојан Јовановски Боки 13.
Таа е една од двајцата пратеници на СДСМ кои беа на распит како сведоци во обвинителството.
Сега таа веќе е осомничена. Партискиот претседател и премиер Зоран Заев првично најајвува санкции и партиско бркање за сите функционери кои ќе бидат опфатени со рекет.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа