Рено излета од патот има повредени - Тешка несреќа во Македонија

Триесетина минути по полноќ на локалниот пат Мирковци-Сандево,скопско, патничко возило „Рено Меган“ со скопски регистарски ознаки, управувано од 23-годишниот В.М. од село Мирковци, изгубило контрола и излетало надвор од коловозот.

Во незгодата со тешки телесни повреди се здобил возачот, а со телесни повреди се здобил сопатникот од возилот. Се работи за 29-годишниот Д.Ј.

На двајцата им била укажана лекарска помош во Комплексот клиники „Мајка Тереза“.

Увид на местото извршила екипа од СВР Скопје.  

 

 

 

 

Добивајте вести на Viber

19.04.2019 - 09:43

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега