Револуција во здравството: Дали лекарите го пронајдоа лекот за рак?

Истражувачи од Велика Британија откриле нов лек кој го смалува растот на агресивни тумори во човечкиот организам.

Станува збор за лек со името берзосертиб, кој влијае на намалување на опасната болест кај половина од пациентите кои учествувале во истражувањето.

Верзосертиб припаѓа на класата лекови АТР инхибитори кои ја блокираат функцијата на протеинот АТР, кој помага на клетките со рак да ја оштетат ДНК-та. Тимот на лекари исто така открил дека туморот во целост исчезнал кај двајца пациенти.

Авторот на студијата, професорот Јохан де Боно од Институтот за истражување на ракот изјавил: „Нашето клиничко испитување прво ја тестира безбедноста на новиот лек, а не охрабрува фактот дека во оваа рана фаза на истражување ги имаме и првите резултати“.

Во објаснувањето се наведува дека целта е да се пронајде начин да се спречи обновување на ДНК клетките со рак, бидејќи на тој начин може да се намали ширењето на туморот кај луѓето.

Околу 40 луѓе ја земале дозата на лекот берзосертиб, а научниците кај половина од нив откриле дека ракот престанал да се шири само од овој лек или заедно со хемотерапија.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

24.06.2020 - 09:40

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа