Ристески: Цели шест месеци од мандатот, градоначалникот Муцунски ги помина во неработење

Цели шест месеци од мандатот, градоначалникот Тимчо Муцунски ги помина во неработење и без остварување на ниту едно ветување дадено пред граѓаните.
 
Освен што ги довршува започнатите проекти од претходната локална власт кои одамна требаше да бидат завршени, Муцунски нема започнато ниту еден друг капитален проект во општина Аеродром.
 
Нема нови паркови, постоечкото зеленило се уништува, никнуваат диви депонии кои не се чистат, а општината никогаш не била повалкана.
 
Во изминатите денови сведоци бевме на фотографии со кои граѓаните се жалат на неискосени тревници, неисчистени контејнери и корпи за отпадоци, депонии, искршени клупи и уништени паркови.
 
Но затоа Муцунски адиминистрацијата на општината ја наполни со партиски кадри на ВМРО-ДПМНЕ.
 
Цели шест месеци Муцунски ја замајува јавноста со наводни бришења на градежни маркици, а всушност се работи за информации до Советот дека има намера да покрене иницијатива за промена на деталните урбанистички планови.
 
Граѓаните на дело ја гледаат неспособноста на Муцунски и кадрите на неговата ВМРО-ДПМНЕ.
 

Со ваквото неработење, со ваквиот однос кон граѓаните и општина Аеродром, Тимчо Муцунски брзо ќе исплива на првото место во трката за најнеуспешен градоначалник во редот на неговите скопски колеги од ВМРО-ДПМНЕ.

 

 

СДСМ - Центар за комуникации со јавноста

14.05.2022 - 12:30

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега