Ристески: Со овој ребаланс на Буџет власта ќе ја задолжи државата и граѓаните со нови 200 милиони евра

Реалноста во Македонија откако СДСМ е на власт е за жал многу лоша. Без розевите очила на оваа власт може да зборуваш само за ребаланс на Буџет кој генерира, кој поттикнува корупција, криминал, сиромаштија, богатење на политички елити. Пред нас овие денови е ребалансот на Буџетот кој како што кажав е ребаланс на Буџет кој дополнително ќе ја зголеми сиромаштијата, и ќе ја втурне државата и македонскиот народ во уште поголема сиромаштија, и бесперспективност, нагласи Петар Ристески, пратеник од редовите на ВМРО-ДПМНЕ на собраниска седница.

Ристески додаде дека овој ребаланс на Буџет е најголем во историјата на државата, од 4.37 милијарди евра. Многу пари, но многу малку капитални проекти, многу малку инвестиции, многу малку средства издвоени за проекти кои што ќе значат подобрување на животот во секојдневието на македонските граѓани.

– Уште во старт дека овој ребаланс на Буџет да кажам е лош, е тоа што се предвидува со овој ребаланс дефицит од 6.5%. Или во превод тоа значи 750 милиони евра во дупка. Ќе се потрошат 750 милиони евра пари кои ги немаме, појасни Ристески.

Ристески посочи дека ова значи само нови задолжувања и минимум со овој ребаланс на Буџет власта ќе ја задолжи државата и граѓаните со нови 200 милиони евра.

– Ова задолжување ќе биде уште поголемо бидејќи дефицитот со сигурност во 2021 година ќе ја надмине бројката од 6.5%. и во најдобра рамка би изнесувал некаде над 900 милиони евра. Проектираната стапка на раст власта ја задржала на 4.1%, што ќе кажам дека е апсолутно невозможно да се реализира во една посткризна година погодена со еден бран зад нас и уште еден есенски потенцијален кој се најавува. Тоа значи дека буџетскиот дефицит ќе биде поголем од растот на економијата и аналогно на тоа нема да има финансиска консолидација туку и во 2021 година ќе имаме зголемување на јавниот долг на државата, рече Ристески.

Ристески укажа дека јавниот долг во моментов е највисок во историјата и изнесува 7.2 милијарди евра.

27.07.2021 - 13:31

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега