Ристески: Владата на ВМРО-ДПМНЕ напорно работи
На телевизија 24 во емисијата „Анализа“ гостуваше пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ Петар Ристески, кој на самиот почеток ги потенцираше сите реализирани проекти на Владата за само една година. Ристески истакна дека во фокусот на оваа Влада е економијата а тоа го докажуваат и делата односно покачувањето на платите, пензиите и историското ниво на странски директни инвестиции.
„Економијата е во центарот на нашиот фокус во овие 12 месеци, бидејќи донесовме повисоки плати, повисоки пензии за 338 илјади пензионери линеарно ги зголемивме пензиите за 5 илјади денари, пензионерите во тој период кога ние бевме во опозиција бараа 3500 денари линеарно зголемување на пензиите а добија 5 илјади денари зголемени пензии. Имаме историско највисоко ниво на странските директни инвестиции, имаме оперативен план за вработување на млади лица од 40 милиони евра со кои ќе бидат опфатени 16.000 лица, имаме рекордно ниска невработеност во државата под 12% и 15.500 нови работни места“, објасни Ристески.
Ристески посочи дека бруто домашниот производ е зголемен за 3% а тоа се гледа со тоа што Македонија претставува четврти економски раст во Европа, и го истакна зголемувањето на платите во здравството, образованието и администрацијата.
„Еден од највисоките проценти на раст на БДП во Европа, Македонија во последните два квартали од минатата година и првиот квартал од оваа година има раст од преку 3% што е четврти најдобар економски раст после Ирска, Данка и Полска. Платите се зголемени во образованието, здравството, администрацијата, полицијата за преку 10%, во образованието со колективниот договор за цел мандат ќе бидат зголемени за 60%, во здравството за 50% исто и во културата за 8%“, објасни Ристески.
Пратеникот исто така рече дека претходната влада го оставила буџетот со само 47 милиони евра а обвинувањата од страна на ДУИ дека ВМРО-ДПМНЕ ги нарушува меѓуетничките односи ги нарече недостаток на аргументи кои ги доведуваат во состојба сами да се дозакопат.
„Лани кога ја презедовме власта во касата беа затечени 47 милиони евра, касата беше на нула оставена, 70% од буџетот на државата беше потрошен до изборите лани. Не ги нарушуваме меѓуетничките односи, работиме на подобрување на целокупната атмосфера во државата, ДУИ во неможност на немање на други аргументи сега влегуваат на еден терен кадешто самите се дозакопуваат“, дециден е Ристески.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа