Ристов: Создаваме нова иднина - Културно деловен центар и нов градски пазар во Радовиш

 
„Поминавме тешки четири години од осамостојувањето на Република Македонија,во кои чекајќи ја локалната власт да се договори кој е посилен, а кој послаб, тоа сакаат да го докажуват и на овие избори.
Граѓаните повеќе немаат ниту време, ниту простор да чекаме, доста е!  
Ние имаме поинаков пристап и поразлична понуда за сите вас.
Ние имаме јасно дефинирана цел. Тоа е развиен, напреден, добро уреден, и посакуван Радовиш. Точно и прецизно го знаме патот кон тоа. Време е да се обединиме за нашата заедничка цел која ја имаме пред нас. Радовиш е град на сите граѓани. Секое место, секој граѓанин заслужува почит“-ова го истакна кандидатот за градоначалник на Радовиш, Ацо Ристов на денешната прес-конференција.
 
Тој исто нагласи дека, народот е оној кој ќе одлучи што е приоритет и кога треба да се гради. Потенцираше дека нудат конкретни проекти и истите ќе ги образложувале во периодот кој следува.
 
„Почнуваме со капитални проекти, објекти кои веќе 30 години никој не ги почнал да гради во Радовиш. Тоа граѓаните на Радовиш ни ги упатија како порака и го претворивме во проекти.
 
Еден од капиталните проекти кој му е неопходен на Радовиш е новиот Културно-Деловен центар, со подземен паркинг за 200 возила на две нивоа, со деловни простории, канцеларии, угостителски објекти,  простории во кои граѓаните ќе можат да ги остваруваат своите потреби од културен, деловен и забавен карактер, тоа е она кое му недостига на Радовиш, а никој досега не се нафати да го реализира“- беше дециден Ристов.

30.09.2021 - 12:10

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега