Ристовски :Единствени кои бегаат од правдата се ВМРО-ДПМНЕ

Единствени кои бегаат од правдата се ВМРО-ДПМНЕ, залудни се сите обиди да се искриви вистината и погрешно да се насочи јавноста.-истакна Оливер Ристовски, заменик министер за правда и член на ЦО на СДСМ, на трибината  „Правда наместо амнестија“.

 Тој посочи дека за граѓаните не е спорно кој бега од правдата, тоа се криминалците од времето на владеењето на ВМРО-ДПМНЕ, иако тие уште активно учествуваат во креирањето на политиката и во носењето на законите.

 Судовите и обвинителството не се пречка за постоење и владеење на правдата, туку поединци, не дека се е идеално туку има многу работа ,правдата е поспора , но ќе дојде.-посочи Ристовски.

 Тој додаде дека потребна е поголема улога и активност од страна на граѓанскиот сектор.

 Министерството за правда од своја страна превзема се што е во негова надлежност , се што е поврзано со судството, но не смее да се меша во нивната работа.

 Ристовски истакна дека помина времето на грубо мешање и диригирање на работатат на судството и заташкување на случаите, денес судовите треба да се насочат кон одговорно работење и превземање на случаите во свои раце.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

05.12.2019 - 19:04

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега