РКЕ ќе донесе одлука: Нови цени на горивата од полноќ

Денеска напладне Регулаторната комисија за енергетика ќе ги соопшти новите цени на горивата кои ќе важат од полноќ.

Втора недела по ред цените драстично опаѓаат.

Миниатата недела се намалија за три до пет денари за литар.

Малопродажната цена на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-95 се намали за 5,00 денари за литар и изнесува 49,50 ден. ЕУРОСУПЕР БС-98 поевтини за 4,50 денари за литар и се продава за 52 денари.

Малопродажните цени на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) и на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1), се намалија за 3,00 денари по литар, и изнесуваат 45,50, односно 34,50 денари.

Со одлуката на РКЕ за 3,195 денари за килограм се намали и малопродажната цена на мазутот М-1 НС и изнесува 18,738 денари.

-Ова се моменти кои во историјата на тргувањето со нафтените деривати не се паметат. Нарушениот баланс на понудата и побарувачката поради пандемијата со Ковид 19 донесе силни намалувања на цените и кај нас. Континуираното темпото на силен тренд на намалување на нафтените деривати е рекордно од кога Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги има надлежност да утврдува највисоки малопродажни цени на одделни нафтени деривати, изјави посочи претседателот на РКЕ Марко Бислимоски.

Тој додаде дека намалувањето на цените на нафтените деривати е потврда дека Методологијата по која се формираат цените на нафтените деривати ги штити интересите на потрошувачите.

-Сакам да потенцирам дека единствено РКЕ е надлежна за утврдување на највисоки малопродажни цени на нафтените деривати и секој понеделник носи одлука. Сериозно ќе ги разгледаме можностите за одговорност на лицата кои од позиции во институциите шират шпекулации за цените на нафтените деривати пред официјално да се објават. Упатувам апел во оваа вонредна состојба сите да сме одговорни. Секоја шпекулација може да се одрази врз економските текови кои се хипер сензитивни во овој период, посочи Бислимоски. 

 

 

 

Добивајте вести на Viber

30.03.2020 - 07:59

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега