Рочиште за „Меѓународен сојуз“: Боки 13 му пратил порака на Заев и побарал средба со него

Освен контактот на градоначалникот на Карпош, Стефан Богоев и прво обвинетиот во случајот ,,Меѓународен сојуз”, Бојан Јовановски, на денешното рочиште се презентираше и “What’s App” комуникација меѓу обвинетиот Јовановски, актуелниот премиер Зоран Заев, и поранешниот пратеник Александар Кирацовски. Презентираните докази (разговори) според обвинителката Гаврилова, се од 2017 година.

Во една од презентираните пораки кои ги читаше обвинителката, јавноста имаше можност да види како обвинетиот Јовановски, преку порака го контактира премиерот Заев, каде бара да одвои време за една средба.

– Проектот ќе биде од национално значење, ќе бидат вработени 200 луѓе. Замолувам за средба. Отворена е некоја истрага за големи пари, што е тоа”, му пишува обвинетиот Јовановски, на премиерот Зоран Заев, според презентираната порака.

На ова барање премиерот Заев, му одговара дека ќе се видат и дека МВР ќе направи истрага и оти се надева дека се е легално.

Обвинети во судскиот предмет „Меѓународен сојуз” се: Бојан Јовановски – Боки 13, како првообвинет на кого му се суди за кривичните дела Измама и Перење пари, односно за истите дела и се суди и на обвинетата Јасна Ерцеговиќ. Третообвинета е поранешната пратеничка Фросина Ременски и таа се сомничи за кривичното дело Измама. Други обвинети во овој предмет се Христина Блажевска и таткото на првообвинетиот, Миле Јовановски, а кој денес беше отстранет од судница заради попречување на  доказната постапка). Како и правното лице ,,Меѓународен сојуз Скопје”. 

 

 

 

Добивајте вести на Viber

02.12.2020 - 14:01

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега