Родено првото бебе во изолација во БиХ - момчето е добро, се чекаат резулатите од мајката тестирата на коронавирус

Момче, тешко 3,4 килограми, е првото бебе родено во карантин во операциона сала во Босна и Херцеговина, соопштено е од болницата „Свети врачеви“ во Биелина.

„Момчето е родено во ноќните часови на 24. март, а на родилката пред два дена ѝ бил земен брис поради сомнение дека е заразена со коронавирус, чии резултати треба да пристигнат овие денови“, истакнуваат од болницата.

Родилката се јавила на лекарите во биелинската болница и веднаш биле преземени сите медицински процедури во вонредни околности.

Веднаш била сместена во карантин, а потоа во операциона сала која била адаптирана и опремена за пациенти кои се заразени со коронаивирус.

Мајката по царскиот рез се чувствува добро, како и бебето кое е изолирано од мајката додека не пристигнат резултатите, а земен е брис и од бебето, наведуваат од болницата.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

25.03.2020 - 13:27

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега