Родители исфрлиле голо петгодишно дете на мраз бидејќи се однесувало лошо

Во руската република Алтај, во Сибир, е покрената кривична постапка против родители кои поради лошо однесување го оставиле својот петгодишен син на студ без облека и обувки.

Истрагата покажала дека во едно село родителите на петгодишното момче незадоволни од неговото однесување на 21 јануари го избркале од дома, а тоа долго време било на улица без облека и обувки во текот на мразот, пренесува РИА Новости.

Моментално момчето и неговите двајца браќа се одземени од родителите.

24.01.2022 - 12:29

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега