Родители внимавајте: Нова опасна игра се шири на Тик Ток- веќе три деца починале поради овој луд „предизвик“

Десетгодишно девојче во Италија, Антонела Сикомеро почина минатата недела поради опасната игра „blackout challenge“. Слична несреќа се случи во понеделникот на деветгодишно момче во Тринидад, а се сомнева дека момче (10) од Белград починало  поради оваа опасна игра на „ТикТок“.

Антонела ја пронашла мртва нејзината четиригодишна сестра на подот од бањата во семејна куќа лоцирана во Палермо, Сицилија.

Во овој луд предизвик, корисниците на Тик-Тока се предизвикуваат едни со други да се задушуваат додека не ја изгубат свеста.

Овој предизвик постои уште од порано и се појави под разни имиња како „Passout Challenge“, „Играта на гушење“ или „Speed ​​Dreaming“, а неодамна времето стана доста популарно на „ТикТок“.

Веднаш штом се појави, медицинските експерти предупредија дека ваквото лишување од воздух за себе може да доведе до бесознание и оштетување на мозокот, како и до смртоносен исход.

- Антонела одигра игра на задушување. Ќерка ми почина поради екстремната игра на Тик -Ток. Како можам да го прифатам тоа?! - изјавил таткото на девојчето за тамошните медиуми.

По оваа смрт, италијанските власти наредија видео апликацијата ТикТок да ги блокира сите корисници на таа земја чија старост не може да се потврди.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

27.01.2021 - 21:45

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега