Родителите на искасаните деца во Аеродром ќе го тужат Град Скопје

По хоророт кој вчера се одвивал во Скопски Аеродром, кога куче нападнало 4 деца и две жени, дел од родителите на искасаните деца планираат да покренат тужба против невладината организација за заштита на животните „Анима мунди“, како и против Град Скопје за ужасниот настан.

Според пријавата првиот напад е на 40-годишна жена на булевар АСНОМ која кучето ја касналот во пределот на ногата. Вториот случај е 11-годишно девојче кое е каснато на булеварот „Јане Сандандски“ во пределот на левото рамо и лева надлактица. Третото дете кое било нападнато и каснато од кучето во подколеницата на десната нога е 13 годишно момче на булеварот АСНОМ. На АСНОМ исто  така е и четртиот случај во кој е каснато 14-годишно момче во пределот на подколениците на двете нозе.Со повреди се здобила и 44-годишна жена која заедно со своето дете и уште две други малолетни деца се движеле по булеварот АСНОМ. Според пријавата во полицијата кучето агресивно ги нападнало, жената во обид да ги одбрани била касната во левата рака, а едно од децата на возраст од 10 години било каснато во десната нога под коленицата.

 

 

 

08.12.2017 - 14:08

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега