Роднина на Сала тврди: Емилијано е убиен, истрагата мора да продолжи

Аргентинскиот фудбалер, Емилијано Сала, во текот на вчерашниот ден за последен пат беше испратен кон неговиот вечен дом, а и по неговиот погреб не престануваат теориите на заговор и начинот на неговата смрт.

28-годишниот Сала својот живот го загуби на 21 јануари во авионска несреќа, а иако официјално неговата смрт се води како несреќен случај, еден од неговите братучеди смета дека Сала е убиен.

„Едноставно го убија Емилијано, бидејќи го натераа да влезе во тој авион. Овој случај треба дополнително да се истражува, сметам дека има еден куп неправилности. Во никој случај тој не требаше да оди на таков лет со тој авион“, изјави роднината на Сала.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

17.02.2019 - 14:26

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега