Романија во проблеми: Не го признаваме Косово и нема да играме против нив

Фудбалската репрезентација на Романија се соочува со проблем затоа што паднаа во група со Косово, кое не го признаваат.

Фудбалската федерација на Романија најави дека ќе бара мислење од Владата на државата за тоа како да постапи во дуелите, а не се исклучува можноста да не настапат на натпреварите против Косово во квалификациите за Еуро 2024 и така да загубат со службени 0-3.

„Косово не е призната држава од многу земји, меѓу кои сме и ние. Никогаш не ја признавме независноста на Косово, а фудбалската федерација мора да разговара со Владата. Мојот став е дека не треба да играме со Косово“, кажа поранешниот министер за надворешни работи на Романија, Теодор Мелескану.

11.10.2022 - 13:00

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега