Ромпуј: Санкциите зависат од прекинот на огнот и преговорите

Претседателот на Европскиот совет Херман Ван Ромпуј синоќа изјаи дека ЕУ ќе ја преиспита одлуката за зајакнување на санкциите кон Русија доколку прекинот на огнот во Украина продолжи и почнат мировни преговори.

- Забележавме дека Русија е подготвена за сериозни преговори, изјави Ван Ромпуј за белгиската државна телевизија.

Европскиот совет утре се очекува да одлучи за новите санкции кон Русија, што го прошируваат списокот на функционери и државни компании и банки.

- Ние сме подготвени да ги преиспитаме санкциите ако прекинот на огнот биде траен и доколку почнат мировните преговори, изјави Ван Ромпуј, додавајќи дека прекинот на огнот е значен, но само прв чекор кон решавање на кризата.

08.09.2014 - 10:26
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега