Роналдо стана првиот фудбалер во историјата кој постигнал 850 официјални голови

Португалецот Кристијано Роналдо беше стрелец и двоен асистент во вчерашната победа на Ал Наср над Ал Хазема од 5-1 во саудиската Про Лига, а со постигнатиот гол стана првиот фудбалер во историјата, кој постигнал 850 официјални голови во кариерата.

-850 голови во кариерата и одиме понатаму!, напиша 38-годишниот Роналдо на социјалните мрежи.

Роналдо сезонава во саудиското првенство е водечки стрелец во моментот со шест голови, еден повеќе од поранешниот напаѓач на Ливерпул, Садио Мане.

Откако Ал Наср ги загуби своите први два дуели во оваа сезона, тимот предводен од Роналдо сега заостанува само четири бодови зад водечкиот Ал Хилал.  

03.09.2023 - 12:53

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега