Роналдо за роденден ја одведе Георгина во познатиот ски центар- сега му се заканува казна

Кристијано Роналдо реши на најубав начин да и го честита роденденот на својата долгогодишна девојка и свршеница Георгина Родригез.

Убавата манекенка вчера наполни 27 години, а еден од најдобрите фудбалери во овој век и го честиташе роденденот со фотографија на Инстаграм, но ја однесе и во популарниот ски центар Курмајаор.

 
 
 
View this post on Instagram

A post shared by Georgina Rodríguez (@georginagio)

- Среќен роденден на љубовта на мојот живот - напиша Кристијано додека уживаше во снегот на туристичкиот комплекс со Георгина.

Сето тоа би било во ред, доколку областа во која се наоѓа ова одморалиште не е во таканаречената „портокалова“ зона, на која не смее да се патува, освен за работа и медицинска помош.

Роналдо се најде во неволја откако се појави видео со него и Георгина, кое во меѓувреме е избришано, но Португалецот сепак може да биде казнет.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

28.01.2021 - 14:15

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега