РСБПС и МВР со превентивна кампања: „Вози одговорно, вози одморен“
Министерството за внатрешни работи и Републичкиот совет за безбедност во сообраќајот денеска кај наплатната станица „Градско“ продолжија со едукативно превентивната акција „ВОЗИ ОДГОВОРНО! ВОЗИ ОДМОРЕН!". Целта на кампањата е да се потсетат возачите за влијанието на заморот, за последиците од сообраќајните незгоди предизвикани од заморот и да се поттикнат да прават повеќе паузи, да консумираат повеќе течности, да патуваат одморени и наспиени и да го запрат своето возило веднаш штом ги почувствуваат првите знаци на замор.
Покрај брзото возење и алкохолот, заморот е една од главните причини за предизвикување на сообраќајни незгоди во летниот период. Особено критична е делницата од граничниот премин Табановце до Гевгелија и обратно, каде што секоја година се случуваат по неколку сообраќајни незгоди со тешки последици.
Имајќи ја во предвид ваквата состојба, МВР и РСБСП во текот на летниот период, во двата правци на коридорот 10, организираат превентивно едукативни активности под мотото „Вози одморен“.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа