РСБСП ја почнува третата фаза од кампањата „Младост без лудост“

 

 

Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата со делење на едукативен материјал на гостите во ноќните клубови во Скопје ја почна третата фаза од кампањата „Младост без лудост“.

Целта е да се сврти вниманието за ризиците со кои се соочуват младите луѓе во сообраќајот и да се разбудат нивните позитивни сообраќајни навики. 

- Кампањата „Младост без лудост“ започна да се реализира минатата година и таа стана препознатлив белег за подигнување на сообраќајната култура и свест кај младата популација. Младите возачи влегуваат во категоријата ранливи учесници во сообраќајот. Токму поради тоа, во пресрет на летото и на матурските прослави, РСБСП започнува со реализација на третата фаза од оваа интересна и креативна кампања, велат од РСБСП.

Дел од пораките кои ќе бидат пренесени се „Младост е да се опуштиш со пијачка, лудост е да се опуштиш кога возиш“, „Младост е да немаш граници, лудост е да ја преминеш ограничената брзина“, „Младост е да леташ во облаци, лудост е да леташ по улици“.

 

Според статистиката на Министерството за внатрешни работи, минатата година 32 млади лица на возраст од 15 до 24 години го загубиле животот во сообраќајни незгоди, а 1.433 лица се повредени. Во Европската Унија, околу 20 проценти од вкупниот број загинати се млади на оваа возраст. 

 

 

 

20.05.2018 - 15:17

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега