РСС бара од ЕУ веднаш да одреди датум за преговори за Северна Македонија и Албанија

Регионалниот совет за соработка (РСС) ги поддржува препораките на Европската комисија веднаш да почнат преговори со Република Северна Македонија и Албанија, а врз основа на одделните заслуги и достигнувања и да се награди трудот и посветеноста вложени во европеизацијата.

Ова во Берлин го изјави генералната секретарка на РСС, Мајлинда Брегу, на панел на кој присуствуваа премиерот Зоран Заев, Сабина Штохр, функционер од германското Министерство за надворешни работи и членот на Управниот одбор на Дојче Телеком, Томас Крамер.

-Не станува збор веќе за проширување, туку за обединување на Европа, бидејќи Европската Унија не е потполна без Западен Балкан, рече Брегу на годишниот состанок на Здружението на германското стопанство за Источна Европа.

Брегу и Заев имаа и билатерална средба на која се согласија дека добрососедските односи и регионалната соработка и натаму се клучни елементи на процесот на стабилизација и асоцијација и дека регионалната соработка треба да се зголеми.

Разговорите беа посветени на претстојниот самит на ЕУ со Западен Балкан во Познањ, Полска, како и за резултатите за исполнување на Повеќегодишниот план за регионалниот економски простор, соопшти денеска РСС. 

 

 

 

Добивајте вести на Viber

13.06.2019 - 14:54

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега