Рудар стана милионер: Пронашол драгоцен камен и ги обезбедил своите 30 деца и 4 жени за цел живот

Рудар во Танзанија станал милионер преку ноќ откако продал две парчиња на драгоцен камен, најголеми кои се некогаш пронајдени во оваа земја, со вкупна тежина од 15 килограми/

52-годишниот Санин Лаизер двете парчиња транзит ги продал за 3,4 милиони долари во министерството за драгоцени камења во Танзанија, пренесува Би-Би-Си.

Лаизер рекол дека овие пари сака да ги инвестира во својот крај и да изгради трговски центар и училиште во близина на својата куќа.

Истакнал дека многу луѓе во неговото соседство се сиромашни и дека не можат да си пруштат да ги носат децата на училиште.

Тој рекол дека парите кои ги добил нема да го променат неговиот начин на живот и дека тој планира и понатаму да вложува во своите 2.000 крави додека тоа на што ќе бидат вложени парите ќе го препушти на децата.

Лаизер има над 30 деца и 4 жени.

Додал дека нема потреба да презема дополнителни мерки за чување  на парите бидејќи неговиот крај е безбеден и најавил голема прослава по повод добивката.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

26.06.2020 - 08:31

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа