Русија ги прекинува дипломатските односи со НАТО

Русија од следниот месец ќе ги прекине сите дипломатски односи со НАТО, соопшти руското Министерство за надворешни работи.

Москва најави дека целосно ќе ги прекине операциите на својата мисија во НАТО, две недели откако блокот предводен од САД протера осум руски дипломати поради наводна „неоткриена шпионажа“ во седиштето во Брисел.

Шефот на руската дипломатија Сергеј Лавров, исто така, откри дека информативното биро на НАТО во Москва ќе биде принудено да се затвори. Покрај тоа, акредитациите за претставниците на Алијансата ќе бидат одземени.

Новите правила наложуваат и да се прекине работата на информативното биро на НАТО, формирано во белгиската амбасада. Лавров нагласи дека Алијансата во иднина ќе треба да се обраќа до рускиот амбасадор во Белгија и тоа ќе биде единствениот начин НАТО да стапи во контакт со Москва.

 

18.10.2021 - 23:18

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега