Русија го напаѓа родниот град на Зеленски

Украинската војска предупреди дека Русија почнала да формира ударна единица за напад на Криви Рих, родниот град на украинскиот претседател Володимир Зеленски.

Од јужната воена команда на украинската војска тврдат дека Москва е подготвена за нова операција во јужна Украина.

„Постои голема веројатност непријателот наскоро да ја нападне областа“, велат од армијата.

Градот во кој порасна Зеленски се наоѓа на околу 50 км од јужната линија на фронтот.

03.08.2022 - 23:16

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега