Русија ќе почне да ја користи и втората вакцина:Вакцинирање со „епивак корона“ почнува во втората половина на март

Имунизацијата со вакцината „епивак корона“, развиена од рускиот Државен истражувачки центар за вирологија и биотехнологија „Вектор“, ќе почне во втората половина на март, изјави генералниот директор на Центарот, Ринат Максиутов, за „Русија-1 вести“.

„Нашите сограѓани ќе може да се вакцинираат со ‘епивак корона’ почнувајќи од втората половина на март“, рече тој, пренесе ТАСС.

Во октомври 2020 година „епивак корона“ стана втората вакцина против коронавирус регистрирана во Русија. Вакцината се состои од вештачки синтетизирани кратки фрагменти на вирусни протеини – пептиди, кои придонесуваат имунолошкиот систем да го препознае и неутрализира вирусот.

Макфакс

 

 

 

Добивајте вести на Viber

05.03.2021 - 14:46

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега