Русија никако да „здивне“ - Додека на едната страна од земјата дивее пожар, на другата поплави

Додека на едната страна од Русија, пожарите „голтуваат“ сè пред себе, гушат цели градови со отровен чад, од другата страна на земјата - поплави.

Обилните врнежи од дожд во регионот Забајкалски во Русија предизвикаа уривање на железничкиот мост кој е дел од транссибирската железничка мрежа, соопштија денеска локалните власти.

„Од официјалните лица на руската железница во 9.00 часот утрово добивме информација дека мостот се срушил по обилните дождови на делови од транссибирската железничка мрежа над реката Куенга, во близина на станицата Укуреи“, се вели во соопштението објавено од ТАСС.

Се додава дека нема жртви или повредени.

Железничкиот сообраќај беше во прекин во двата правци.

Забајкалскиот регион вчера беше зафатен од големи поплави, а според последните извештаи, поплавени се околу 650 куќи, додека уништени се пет мостови на автомобили.

23.07.2021 - 10:39

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа