Русија официјално ги прогласи Чешка и САД за непријателски земји

Руската влада денеска официјално ги означи Чешка и САД како „непријателски земји“.

Како што беше објавено на официјалниот портал за правни информации, тие две земји се нашле на списокот на оние кои „извршиле непријателски дејствија против Русија“, пренесува РИА Новости.

Против овие земји ќе бидат преземени мерки, според кои американската амбасада во Москва повеќе нема да може да вработува локално население, додека бројот на вработени локални работници во чешката амбасада ќе биде ограничен на 19.

Рускиот претседател, Владимир Путин минатиот месец потпиша закон со кој се ограничува бројот на локални жители кои работат во странски дипломатски мисии и други служби и и нареди на владата да состави список на „непријателски“ земји за кои ќе се применуваат мерките.

Претходно, рускиот министер за надворешни работи, Сергеј Лавров изјави дека списокот ќе се ревидира периодично и дека владата ќе го прошири списокот врз основа на темелни анализи на ситуацијата и дали Русија гледа шанси за дијалог со државата во спротивна насока.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

14.05.2021 - 20:09

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа