Русија се подготвува за конфликт: Зголемен бројот на војници

 


Рускиот претседател Владимир Путин издаде указ за зголемување на бројот на припадниците на вооружените сили на Руската Федерација поради потребата да се одговори на актуелните закани за земјата, изјави денеска прес-секретарот на Кремљ, Дмитриј Песков.

„Тоа е предизвикано од многуте закани што постојат за нашата земја на нашите граници. Тоа е предизвикано од крајно непријателската ситуација на западните граници и нестабилноста на источните граници“, рече Песков одговарајќи на новинарско прашање за причините поради кои Путин го потпиша указот за зголемување на бројот на вооружените сили на Русија.

Песков изјавил дека поради овие закани, било неопходно да се преземат соодветни мерки, пренесува „Интерфакс“.

Во понеделникот рускиот претседател Владимир Путин го зголеми бројот на припадниците на вооружените сили на Руската Федерација на речиси 2.390.000 луѓе, вклучително и еден и пол милион воен персонал, пренесува „Танјуг“.

17.09.2024 - 15:04

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега