Руска политичарка крвнички го убила својот 12-годишен син - го удирала со тег по глава, па пријавила дека исчезнал

Полицијата во Астрахун во Русија ја уапсила Галина Морозова поради сомнение дека крвнички го убила својот 12-годишен син после кавга. Според пишувањата на руските медиуми, осомничената за убиство е позната руска политичарка која се кандидирала за градоначалник и била пратеничка во регионалната Дума.

Таа наводно, го признала злостроството и на полицијата ѝ покажала каде го сокрила неговиот мобилен телефон пред полицијата да го пријави неговото исчезнување.

Постои сомнение дека политичарката го убила синот на почетокот на март така што го удрила со тег во главата и му задала смртоносни повреди. Потоа полицијата го објавила неговото исчезнување. Телото на детето било пронајдено на 19. јуни заѕидано во темелите на куќата на неговиот постар брат.

Мајката, имено на 4. март повикала полиција и соопштила дека нејзиниот син не се вратил од училиште. Започнала голема потрага по детето, но без успех.Откако со денови не можеле да влезат во траг, полицијата соопштила дека постои сомнение дека детето е убиено или киднапирано. После повеќе од 3 месеци потрага неговото тело го нашле закопано во темелите на куќата на неговиот постар брат.

Морозова и нејзиниот сопруг, додека траела истрагата, повеќе пати ја лажеле полицијата дека го гледаат нивниот син на безбедносните камери додека се врти околу куќата, но секогаш кога ќе излезат да го бараат не го наоѓаат.

Уште не е познато како детето завршило заѕидано во темелите. Предметот со кој е извршено злосторството како и мобилниот телефон на момчето биле пронајдени на дното на една река.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

22.06.2020 - 09:02

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега