Руска помош стигна во САД, Трамп призна: „Опремата е со врвен квалитет“

САД ќе плати на Русија контингент со медицинска опрема за борба против ширењето на коронавирусот, изјави денеска висок функционер на администрацијата на Трамп, но не го отстрани сомнеж за тоа кој ќе ги сноси трошоците за пратката во Москва.

По телефонскиот разговор помеѓу рускиот претседател Владимир Путин и американскиот претседател Доналд Трамп, Русија испрати 60 тони медицинска опрема, вклучувајќи респиратори, маски и вентилатори.

Во оваа прилика, Трамп оцени дека руската опрема е со највисок квалитет и ќе спаси животи на Американците.

Министерството за надворешни работи на Русија соопшти дека официјална Москва платила половина од цената на целиот контингент, а висок официјален претставник на Белата куќа, кој сакал да остане анонимен, изјави за Ројтерс дека Русија ја продала опрема испод продажната цена, не наведувајќи колку платил Вашингтон.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

03.04.2020 - 10:21

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега