Руски експерт: Русија планира да гради воена база во Србија

Руските медиуми пишуваат дека Русија планира да изгради воена база која ќе има извидувачки задачи и ќе ја следи средината во Србија, кажал воениот експерт и историчар Борис Јулин.

Воениот експерт Јулин за „лентра.ру“ вели дека не знае какви придобивки ќе има Русија доколку создаде воена база во Србија.

„Факт е дека базите се наоѓаат во близина на зоните на можни непријателства. Во, но Србија, територијално, ќе биде целосно отсечена од Русија и опкружена од сите страни со земји на ЕУ и НАТО. Не е јасно како е можно да се постават сили и да се обезбеди база во таков случај“, вели Јулин.

Јулин, исто така, вели дека ЕУ би можела да ја смета Србија во иднина како веројатен извор на закоана во случај на конфликт.

09.08.2022 - 10:51

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега