Руски лекар: Коронавирусот ќе остане засекогаш со нас, а очекуваме нов силен бран во Кина

Ситуацијата со пандемијата од коронавирусот може да се стабилизира дури за неколку години, а тој вирус најверојатно ќе остане активен засекогаш, но нема да биде социјално опасен, смета директорот на Институтот за медицинска паразитологија и тропски болести во рускиот Универзитет „Сечин“, Александар Лукашев.

Тој оценува дека развојот на коронавирусот се одвива по сценариото на САРС, кога болеста би можела потполно да биде искоренета, а сега тоа е невозможно.

– Најверојатно овој вирус ќе остане со нас засекогаш – истакнува Лукашев.

Според неговата проценка, вирусот ќе остане кај луѓето, нема да ја намалува својата сила, но нема да биде опасен за човештвото.

Тој претпоставува дека наскоро во Кина ќе започне нов силен бран на коронавирусот.

– Секако, тие знаат да се борат, знаат како да го запрат вирусот, но Кина и понатаму живее на буре барут – вели Лукашев.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

31.03.2020 - 09:49

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега