Руски политичар: Шолц го имитира Хитлер

 

Се шири ново видео на руската државна телевизија „Русија 1“, во кое руски политичар го обвинува германскиот канцелар дека го имитира Адолф Хитлер.

Рускиот политичар Михаил Дељагин изјави дека „Шолц е внук на воениот злосторник Хитлер“ и дека „целосно го имитира Хитлер со својата реторика и гестови“.

Тој рече дека ова тврдење го изнел врз основа на „гледање многу говори на Шолц“.

„Тој е целосна копија“, додаде рускиот политичар.

Тој тврдеше дека Шолц свесно, доследно и намерно го имитирал Хитлер.

03.08.2022 - 20:22

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега