Руски ветеран на 102 години го победил коронавирусот- космонаути го научиле како да дише (ВИДЕО)

Николај Багаев, руски ветеран кој успеа да се опорави од коронавирусот на 102 години, вели дека тој е роден повторно по повеќе од еден век.

Николај, како што истакнува, двапати ја победил смртта - еднаш кога нацистите го нападнале Советскиот Сојуз и втор пат кога бил примен во болница на 102-годишна возраст со оштетување на белите дробови над 80%, пренесува Ројтерс.

Со богата историја на херои, Багаев беше испратен од болницата во свечена воена униформа, а на градиите разни херојски знамиња.

"Беше тешко, но можев да видам како се борат лекарите и им помогнав. Тие се оние кои се херои", рече Багаев по напуштањето на болницата.

Багаев преживеал многу бурни поглавја во советската историја и бил ранет двапати за време на војната.

"Тој е вистински борец, напаѓач. Се сеќаваше на неговите воени битката за Москва и тоа му помогна за време на престојот во болницата", рече неговата докторка Валентина Ракитскаја.

По војната, Багаев работеше во Казахстан на изградба на космодромот Бајконур, од кој Јуриј Гагарин полета во вселената во 1961 година

И, токму техниката на дишење е, како што вели, научил од советските космонаути што му помогнале да се опорави од ковид-19.

Сега неговата главна цел е повторно да оди без помош.

28.07.2021 - 21:23

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега