Руските хакери во акција: Блокирани веб-страниците на ЦИА и ФБИ

Блокирани се веб-страниците на ЦИА и на ФБИ од страна на руски хакери, поради наводно ширење на лажни информации. Државниот регулатор за комуникации призна дека „го ограничил пристапот до бројните ресурси кои им припаѓаат на државните структури на непријателските земји“.

Овој потег има за цел да го запре „ширењето на материјали насочени кон дестабилизација на социјалната и политичката ситуација во Русија“, јавуваат руските новински агенции. ТАСС објави соопштение за печатот од Роскомнадзор, во кое се тврди дека ЦИА и ФБИ објавиле неточни информации кои ги дискредитираат руските вооружени сили.

За оваа одлука се уште нема коментар од Вашингтон или од американската амбасада во Москва. Русија го прогласи дискредитирањето на нејзините вооружени сили за кривично дело казниво до пет години затвор. Свесното ширење „лажни информации“ за војската е исто така кривично дело и предвидува максимална казна од 15 години.

27.01.2023 - 18:32

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега