Рускоска: Еден од четворицата осомничени вечерва ќе биде изведен пред судија

Шефицата на Јавното обвинителство за организиран криминал Вилма Рускоска за Сител потврди дека вечерва едно лице од четворицата осомничени во новата истрага поврзана со случајот „Рекет“ ќе биде изведено пред судија на претходна постапка.

Како што дознава Сител станува збор за потпретседателката на хуманитарниот меѓународен сојуз Јасна Мандиќ- Ерцеговиќ, за која е побарана мерка притвор. 

За останатите три осомничени лица меѓу кои е висок функционер од редовите на СДСМ се побарани мерки за претпазливост. До сега судот не испратил се уште покани и најверојатно тие ќе бидат повикани од утре да се јават кај судија на претходнапостапка. 

Обвинителката Вилма Рускоска се уште не е пристигната во судот ниту лицето за кое е побарано притвор за новата истрага поврзана со случајот Рекет.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

09.10.2019 - 18:25

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега