Рускоска во интервју на Сител: Синот на Катица рече дека вториот телефон е загубен во Белград

Во интервјуто за Сител  јавниот обвинител Вилма Рускоска која вчера од премиерот Зоран Заев беше предложена за раководител на ЈО за гонење на организиран криминал и висока корупција, во врска со случајот „Рекет“ истакна дека Судот мора да ги прифати аудио и видео снимките како доказ. Таа нагласи дека во најскоро време ќе заврши вештачењето на телефонот на Јавниот обвинител Катица Јанева кој минатата недела и беше одземен во врска со случајот „Рекет“.  Таа посочи дека синот на Катица Јанева рекол дека вториот телефон и е изгубен во Белград.

Во врска нејзиниот евентуален избор за раководител на новото ЈО за гонење на организиран криминал и висока корупција, обвинителката Рускоска истакна дека веќе има 25 години стаж во обвинителството и дека доколку биде избрана ќе ја исполни задачата

 

 

 

Добивајте вести на Viber

20.07.2019 - 23:09

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега