Русковска до ВМРО-ДПМНЕ доставила опомена пред тужба за клевета

Шефицата на Основното јавно Обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција, Вилма Русковска, вчера (3.7.) до Коалицијата предводена од ВМРО-ДПМНЕ преку полномошник доставила опомена пред тужба за клевета, објави Дојче веле.

Повод за ваквиот потег на обвинителката, бил дел од содржината на изборниот спот на опозициската коалиција, насловен како „Криминална приказна“.

Станува збор за спотот каде е прикажано како мајка чита приказна пред спиење на своето дете и во еден дел го споменува името на Вилма Русковска.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

04.07.2020 - 10:30

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа