Русковска: Можно е проширување на истрагата за Рашковски
Обвинителството за гонење на организиран криминал и корупција ќе бара продолжување на притворот на Драги Рашковски, а можно е и проширување на истрагата, најави шефицата на ова обвинителство, Вилма Русковска, во вечерашното интервју за „360 степени“.
„Сега работиме на собирање документација и сослушуваме сведоци за набавка на уште еден софтвер“, рече Русковска.
На прашањето за што бил тој втор софтвер, Русковска рече дека не знае детали, освен дека е поврзан со отпечатоци и дека Агенцијата за заштита на лични податоци се противела на таа набавка. Сега, вели таа, доколку соберат докази дека набавката и за овој софтвер е незаконска, ќе се прошири актуелната истрага.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа