САД и доставија на Украина 5.000 парчиња оружје запленети од Иран

Соединетите Американски Држави и доставија на Украина 5.000 единици оружје запленети при транспортот од Иран во Јемен.

„САД и предадоа на Украина повеќе од 5.000 автомати АК-47, митралези, снајперски пушки и рачни фрлачи на противтенковски гранати RPG-7 запленети за време на инспекција на бродови кои доставуваа стока од Иран за јеменските Хути“. соопшти денеска Централната команда на САД (CENTCOM).

Трансферот е извршен на 4 април, се наведува во соопштението и се додава дека на вооружените сили на Украина биле испорачани повеќе од половина милион чаури од 7,62 мм.

09.04.2024 - 23:31

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега