САД и нивните сојузници замрзнаа 330 милијарди долари од почетокот на руската инвазија врз Украина

САД и нивните сојузници блокираа или замрзнаа повеќе од 330 милијарди долари руски средства од почетокот на инвазијата на Русија врз Украина, соопшти американското Министерство за финансии.

Западните сојузници блокираа 30 милијарди долари имот на руски олигарси и „замрзнаа” околу 300 милијарди долари на Руската централна банка. Освен тоа, запленети се најмалку пет луксузни јахти и недвижности што припаѓаат или се под контрола на руски државјани под санкции, тоа го соопшти работната група Репо, формирана на 17 март со цел да се засили економскиот притисок врз Русија.

Составена е од висок и членови на Министерството за финансии и правда на САД, Австралија, Франција, Канада, Германија, Јапонија, Италија, Велика Британија и ЕК.

 

29.06.2022 - 14:04

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега